Општа цел на програмата е создавање овозможувачка околина која придонесува граѓанските организации да бидат независни и влијателни актери во општеството.

Цел на програмата е ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации кои делуваат во поддржувачка финансиска околина.

Целнa групa на програмата се ГО и нивните мрежи во Македонија, како и државните институции кои обезбедуваат поддршка за ГО.

Очекувани резултати на програмата се: 1. Подобрени политики, процедури и средства за транспарентна, отчетна, фер и недискриминаторска финансиска поддршка на граѓанските организации; 2. Зајакнати организациски капацитети, транспарентност и отчетност на граѓанските организации; 3. Подигната свест за добро владеење и саморегулација на граѓанскиот сектор.