Ден на граѓански организации

Под мотото „Транспарентни и отчетни граѓански организации“, програмата Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓанските организации беше дел од настанот Ден на граѓанските организации на плоштадот Скендербег на 14 септември 2019 г.

На штандот посетителите се информираат за целите и резултатите на програмата и можностите за финансирање преку грантовите за добро управување и транспарентност и отчетност на граѓански организации. Посетителите и тимот заедно ја склопуваа динамичната коцка која ги претставува 12те заложби на Глобалниот стандард кои ги сумира главните области на добри практики на отчетност на граѓанските организации.

Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).