Креираме можности за поголема транспарентност и отчетност

Дата: 2021

PDF: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/03/Profil-na-grantist-webversion.pdf

Во период од 2018 до 2020 година во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“
(Програма) се реализираа вкупно три вида на финансиска поддршка за граѓанските организации, и тоа:
• Грантови за унапредување на внатрешните структури на управување (10);
• Грантови за транспарентност (14);
• Грантови за мрежи на граѓански организации за зајакнување и саморегулација (5).

Во текот на имплементацијата, организациите работеа на подобрување на внатрешните структури на управување согласно принципите на добро владеење во насока на регулирање на транспарентноста, отчетноста, партиципативниот и демократскиот начин на донесување одлуки во својата работата. Дополнително, се унапредија практиките за транспарентно известување на организациските проекти и мобилизирани средства, а се зајакнаа и капацитетите за јасна и отворена комуникација со сите засегнати страни и особено со граѓаните.

Со овие грантови се овозможи поддршка на граѓанските организации за нивно институционално јакнење. Затоа грантовите во оваа Програма се особено значајни и допринесуваат за долгорочното јакнење на граѓанските организации. Реализацијата на овие грантови е директна инвестиција за развој на демократијата во Република Северна Македонија и поддршка за заштита на човековите права и слободи. Имено, со грантовите се поддржаа организации кои континуирано влијаат на демократскиот развој и човековите права во областите на економски и одржлив развој, маргинализирани групи, антидискриминација, млади, медиуми, социјална заштита и итн. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со донаторската заедница и во иднина ќе реализира програми кои ќе ги јакнат внатрешните капацитети на организациите за транспарентно и отчетно работење.