На еден клик до поголема отчетност: Rendir App – Биди отчетен

Алатката Rendir App (во превод Биди отчетен) е едноставен начин зa само-оценување во однос на Глобалниот стандард за отчетност на граѓанските организации. Ако планирате внатрешна дискусија за подобрување на отчетноста на вашата организација, Биди отчетен е местото каде што треба да почнете.

Алатката ве води низ 24 прашања поврзани со 12-те заложби на Глобалниот стандард. Резултатот од вашите одговори ќе биде сеопфатен опис на состојбата на организацијата и препораки за подобрување. Резултатот од секоја вежба е доверлив, нема пренос на податоци и рангирање.

Започнете со само-оценувањето!

RENDIR APP- БИДИ ОТЧЕТЕН

И за крај нас не интересира вашето мислење за оваа алатка, пишете ни на asv@mcms.mk за вашето искуство со користење на апликацијата.

Ви благодариме.