Панел дискусија за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации

На 2 јуни 2020 година на онлајн панел-дискусија ги презентиравме податоците од Извештајот за управувачки практики, за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации.
Целта на извештајот беше да се согледаат тековните практики во земјата, а со него беа идентификувани управувачките структури, поделбата на функциите на органите во организациите, начинот на носењето на одлуки, организациското и административно работење, спречување на судир на интерес, финансиско работење, раководење со човечки ресурси, практики за известување, следење и вклучување на членството, итн.