Повик за учество на дводневна обука

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од ЕУ објавува Повик за учество на обука за финансиско управување и финансиска транспарентност.

Обуката за финансиско управување и финансиска транспарентност има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за подобрени практики за добро управување. Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален и транспарентен систем на финансиски менаџмент во организациите и тоа:

  • следење на финансиските средства во рамки на буџетите во деловите на оперативни и директни трошоци;
  • подготовка на финансиски извештај согласно прописите во земјата (Закон за сметководство на непрофитни организации);
  • основи за биланс на успех и биланс на состојба;
  • разбирање на важноста на диверзификација на фондови и разбирање на карактеристиките на различни финансиски извори (грантови/донации, економски активности, индивидуално давање, членство, спонзорства и донации и сл.);
  • разбирање на важноста на долгорочните финансиски планови и проекции;
  • и друго.

Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.

Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската Унија. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување).

За оваа обука ќе се селектираат 20 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се одржи од 29 до 31 мај 2019 година во Битола.

Пријава за обуката и рок за пријавување

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата и пополнета да ја достават на следната е-маил адреса: fiv@mcms.mk најдоцна до 10 мај (петок) 2019 година.

Селекција на учесници

Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС, а лицата кои доаѓаат од раководните структури во организациите ќе имаат предност.

Дополнителни информации

Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 10 мај 2019 година.