Достапни се прашањата и одговорите поврзани со повикот за грантови за транспарентност на граѓански организации

Проектниот тим даде одговори на вкупно 59 прашања кои беа поставени на информативната сесија за повикот за грантови за транспарентност и беа доставени по електронски пат. Прашањата и одговорите можете да ги преземете на следниот линк: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2020/03/prasanja-i-odgovori-za-povikot11.03.2020.pdf

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање и Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:

Рокот за поднесување на апликациите е 31 март 2020г., до 16:00 часот Апликациите може да се доставуваат само по електронски пат на адресата fiv@mcms.mk со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација.

Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку една година пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на грантовите за транспарентност изнесува 52.000 евра (3.198.000,00 МКД). Планираните средства за распределба во рамките на овој повик изнесуваат 28.000 евра (1.722.000,00 МКД). А, ќе се доделат најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање.

Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.