Поднесени 67 апликации за грантовите за транспарентност

Во рамки на јавниот повик за доделување на грантови за транспарентност на граѓански организации, референтен бр. 11-26/1-2020 пристигнати се 67 апликации. Пристигнати се апликации од сите плански региони во земјата и тоа:

  • Скопски регион 25 апликации
  • Вардарски регион 4 апликации
  • Источен регион 8 апликации
  • Југозападен регион 4 апликации
  • Југоисточен регион 7 апликации
  • Пелагониски регион 9 апликации
  • Полошки регион 5 апликации
  • Североисточен регион 5 апликации

Апликациите се процесираат за административна и проверка за подобност. Оние апликации кои ќе ја поминат административната и проверката за подобност ќе продолжат понатаму во процесот на евалуација. Во рамки на овој повик ќе се доделат минимум 7 грантови со кои граѓанските организации ќе можат да си ги подобрат практиките за транспарентно работење. На сите учесници во процесот им посакуваме многу среќа.

Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унијa.