Извештај за управувачките практики, за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации

Автор: Ивановска Хаџиевска Милка

Дата: 2020

ISBN: 978-608-4848-29-5

PDF MK: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2020/06/Izvestaj-za-upravuvachkite-praktiki-za-transparentnosta-i-otchetnosta-na-GO.pdf

PDF EN: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2020/06/Report-on-Governance-Practices-Transparency-and-Accountability-of-CSOs.pdf

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од своето постоење посветено работи на зајакнување на  капацитетите за отчетно и транспарентно работење на граѓанските организации. Преку стратешката ориентираност тежнееме да создадеме услови транспарентноста и отчетноста како врвни демократски вредности, да се практикуваат и промовираат од страна на организациите. Досегашните истражувања укажуваат на потребата од подобрување на доброто управување во граѓанските организации,   особено на потребата од поголема посветеност на организациите за саморегулација во граѓанскиот сектор и следење на глобалните трендови за отчетност и отвореност кон јавноста.

Со цел да се согледаат тековните практики во земјава, подготвен е овој Извештај за управувачките практики за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации, со кој се идентификуваат управувачките структури, поделбата на функциите на органите во организациите, начинот на носењето  одлуки, организациското и административното работење, спречувањето  судир на интереси, финансиското работење, раководењето со човечки ресурси, практиките за известување, следење и вклучување на членството итн. Наодите презентирани во овој извештај ќе бидат основа за развој на финансиски и едукативни програми и активности за зајакнување на управувачките капацитети на граѓанските организации, од кои директна придобивка ќе имаат пред сè самите граѓански организации, но и воопшто граѓанското општество и јавноста. Дополнително, извештајот ќе придонесе кон исполнување на стратегиската цел 4 од Програмата за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2016-2020.

Истражувањето е дел од активностите на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), која се спроведува во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и со Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а  финансиски е поддржана од страна на Европската Унија.