Партнери


Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) е водечка „чадор“ организација во Словенија за унапредување и развој на практиките на управување преку воведување на стандарди за квалитетен систем на управување. Дополнително, ЦНВОС има екстензивно искуство во процесот на соработка и унапредување на дијалогот меѓу ГО и Владата во Словенија, како и во унапредување на системот за државно финансирање за ГО. ЦНВОС има подготвено и објавено два прирачници за програмирање, имплементација и следење на државното финансирање на ГО на национално и локално ниво во Словенија.


Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), е регионална мрежа со долгогодишно партнерство меѓу нејзините членови кои се докажаа како успешни во постигнување на соработка и застапување на граѓанските организации во регионот. Оттука, мисијата на БЦСДН е поврзана со целта на повикот за поддршка на градење коалиции и вмрежување на ГО на регионално и ниво на ЕУ, фасилитација на размената на експертиза и односите помеѓу ГО на начин што ќе го зајакне процесот на застапување за промени. БЦСДН ќе учествуваат во подготовката и промоцијата на Глобалните стандарди за отчетност.