Мониторинг состаноци со корисниците на грантовите за транспарентност

Во периодот од 27 август до 4 септември 2019 година, тимот од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓанските организации – ДФГ“ одржа мониторинг состаноци со грантистите од втората грантова шема кои ги спроведуваат грантовите за транспарентност.

Состаноците имаа за цел подетално следење на текот на проектите, известување за евентуалните отстапувања од временската рамка како и информирање за правилата и процедурите при спроведување на грантови поддржани од Европската Унија, имајќи во предвид дека овие грантови се прво искуство од ваков тип за поголемиот број грантисти.

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој – ЛЕАД Скопје

Грантистите споделија искуства и научени лекции од досегашното спроведување на своите проекти, од аспект на транспарентноста и отчетноста во своето работење:

„Преку проектните активности дознавме повеќе за перцепцијата на младите во однос на отвореноста на нашата организацијата, како и кои дополнителни мерки треба да ги преземеме“ – рече Никола Ивановски од Младите можат, Скопје. Кирил Михајлов од Доброволно противпожарно друштво – Свети Николе сподели дека преку овој проект прават максимални заложби за поголема транспарентност и препознатливост на нивната работа од страна на граѓаните.

Ромска асоцијација за жени и млади Лулуди Скопје
Здружение за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУГА

Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).