Водич за имплементација на кодекс за граѓански организации

Датум: септември 2021 г.

PDF MKD: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/09/Vodic-za-kodeks-za-gragjanski-organizacii-1.pdf

PDF ALB: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/10/Vodic-za-kodeks-za-gragjanski-organizacii-AL.pdf

Овој Водич е подготвен со цел да помогне во имплементирањето и разбирањето на Кодексот за граѓанските организации. Кодексот се состои од 8 аспиративни заложби и 45 стандарди и принципи кон кои граѓанските организации треба да се придржуваат, применуваат и истите ги промовираат. За секој стандард од Кодексот дадено е подетално упатство за тоа што подразбира овој стандард и на што се однесува. За одредени стандарди се наведени соодветни процедури кои треба да се запазат, а за некои дадено е само подетално објаснување. Генерално, граѓанските организации треба самостојно да изнајдат соодветни решенија за примена на овој Кодекс согласно опсегот и сложеноста на работните процеси и програми кои ги спроведуваат.