08/04/2021
На 30 март 2021 година, на посебен настан беа презентирани резултатите на пет македонски мрежи на граѓански организации, кои, благодарение на поддршката од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ ги зајакнаа своите капацитети за транспарентно и отчетно работење. Македонските мрежи на граѓански организации ги креираа или ревидира своите стратешки документи и […]
12/03/2021
Неформалната платформа за транспарентност и отчетност, која е составена од 30 организации, на 10 март 2021 г., одржа работилница за подготовка на Кодекс на граѓански организации. Подобрување на внатрешното работење, наметнување добар стандард во секторот и поттик за постојано подобрување на организациите што ќе доведе до зголемување на довербата на граѓаните и донаторите во граѓанските […]
12/03/2021
Македонскиот центар за меѓународна соработка ја подготви и објави анализата: Финансирање на граѓанските организации во време на Ковид-19: случај на доделување средства од Владата во 2020 година која, се осврнува на критичните точки од постапката за доделување на средствата за граѓански организации од страна на Генералниот секретаријат при Владата на РСМ. Разгледувајќи го овој најнов случај на […]
27/01/2021
На 20 јануари 2021 г., преку онлајн платформата ЗООМ, се одржа работилница на која беше презентиран механизмот за саморегулација на граѓански организации во Хрватска, наречен ОК2015. Слаѓана Новота од организацијата СМАРТ и една од авторите и спроведувачите на хрватскиот систем за саморегулација, на учесниците им го пренесе искуството за предизвиците со кои се соочиле при […]
30/11/2020
Обуката за управување со ризик во граѓанските организации им помогна на 17 учесници да ги зајакнат капацитетите на нивните организации за предвидување и управување со ризиците. Таа се одржа на 18, 23 и 26 ноември 2020 година преку онлајн платформата ЗООМ. На обуката се потенцираше важноста од проценката на ризик, како и воспоставувањето и практикувањето […]
13/11/2020
Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на конференцијата што ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) насловена „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ на 6 ноември 2020 година прeку платформата Зум (ZOOM). За Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ, транспарентноста треба да се […]
07/11/2020
Обуката за управување со ризик во граѓанските организации која се спроведува по втор пат има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и управување со ризиците (надворешни и внатрешни). Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален систем на управување со ризик во организациите и тоа: што […]
20/10/2020
Дванаесет претставници на граѓански организации беа дел од на работилницата за презентирање и тестирање на он-лине алатката за само-оценување Rendir App (Биди отчетен). Работилницата се одржа на 17 октомври 2020 г. во Градскиот парк како дел од Цивика мобилитас фестивалот: „Ден на граѓанските организации“. МЦМС во партнерство со БЦСДН овозможи алатката Rendir App да биде […]
28/09/2020
Го подготвивме вториот билтен во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“. Во него може подетално да се запознаете со досега реализираната шема за регрантирање, градењето на капацитетите и застапувањето за подобрување на државното финансирање на граѓанските организации на централно ниво. ПРЕЗЕМИ ГО БИЛТЕНОТ
22/09/2020
Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ нуди менторска поддршка за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети за транспарентно и отчетно работење. Менторството ќе го обезбеди тимот на експерти од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Нашите експерти ќе ви бидат достапни за прашања поврзани со подобрување на организациската […]